Monday, June 25, 2007

Vicovi

Отворил Мујо тековна, па почнал да троши чекови на сите страни. После некое време го викаат во банка и му кажуваат:- Господине Мујо, дали знаете дека сте во толкав минус што можете во затвор да одите?- Леле, стварно??? И што да правам сега???- Ќе треба да ги вратите сите пари назад.- Уф бре, ме преплашивте. Еве, сега ќе ви пишам чек.


Трпе и Гоце се враќаат дома од кафана, ама одлучуваат да одат по краткиот пат, преку гробишта. Само што влегле на гробишта, слушаат тие силно удирање. Се преплашуваат и двајцата, па ѕиркаат лево, десно да видат од каде доаѓа тропањето. Кога, ете го позади една грмушка човек со чекан и длето удира по една надгробна плоча. На двајцава и олеснува, а Трпе проговорува:- Господи, колку не исплаши, мислевме дека си некој дух! Па, добро бе човеку, што правиш волку касно на гробишта?Човеков одговара:- Будалите ми го згрешиле името!


Кое е најпитомо домашно животно?- Домазет!!


Плавуша оди да купи карти за во кино….- Дајте ми две карти...- За „Ромео и Јулија“ ?- Не бе, за мене и другарка ми.


Каква смрт сакате како последна желба? - го прашува судијата осудениот на смрт пред погубување.- Па ако може природна!


Зошто во град има се повеќе плавуши?- Па, не знаат да се вратат дома.


Малиот Трпе собрал храброст да и каже на учителката дака ја сака.- Учителке многу сум вљубен во Вас!- Трпе, јас не сакам деца.- Добро де, не мора да имаме деца!


Девојката и се пожалила на мајката дека е трудна. Мајката почнала да вришти и да крева паника, да му каже на татко и, дека сака да знае која е свињата која го направила тоа и слично. Девојката кога останала сама направила еден телефонски разговор и после пола саат дошол млад убав и сериозен господин со ферари облечен во скапа облека. Седнал во собата со родителите на девојката и им кажал: Поради мојата фамилијарна ситуација јас не можам да се оженам со вашата керка но можам да превземам одговорност спрема детето, т.е. ако е женско ќе ви препишам 3 дуќана, една вила на плажа, и 2 стана и 500,000 Ако е машко ќе добиете една фабрика, еден стан, 3 дуќана и пари. Доколку се близнаци ќе добиете сето тоа, ама дупло повеќе, за да има за двајцата. Доколку дојде до спонтан абортус и тука таткото на девојката станува и вика Ќе мораш пак со ќерка ми.


Влегува плавуша во продавница и гледа на долните рафтови упорно и бара нешто, и продавачот ја прашува повелете госпоѓице што барате ако можам да ви помогнам? И плавушата му вели барам пониски цени затоа барам на долните рафтови.


Одат двајца полицајли сабајле у патрола и наоѓаат мртов човек пред соборниот храм. Едниот одма вади пенкало и прави записник и вика. - Денеска на ден 24.05 најдовме мртов човек пред.... и се врти на колегата и го прашува, колега како да пишам црква или соборен храм. - Еј, незнам, ај фати да го пребациме пред колонијалов, тоа знам како се пишува!


Разговараат Мујо и Хасо: * Денес бев на базен и за пола саат ме исфрлија од базенот ! * А зошто го прашува Мујо ? * Мочав во базенот. * Па што има врска, секој моча во базенот. * Абе и јас им го реков тоа , ама они ми кажаа : Сите мочаат во базенот ама не како тебе од Скокалница.


Хасо го гледа Мујо како се вози со мотор облечен во пижами. - Мујо зошто ти се пижамите кога возиш мотор? - му довикува. - За подобро да лежам во кривини.


Родила Фата дете додека Хасо бил во војска, ама само со глава, раце и нозе, а без стомак и задник. Дошол Хасо од војска и Фата од страв го скрила детето во када. Ама, Хасо отишол да се измие раце и одеднаш почнал да вика: - Леле, Фато, да видиш колкав пајак убив!


Оди Трпе по улица и среќава три калуѓерки. Рипа Трпе, масакр ги прави и продолжува задоволно по улицата: - Ама лесно ги средив нинџите!!


Колегите го прашуваат Трпе што и земал на девојката за роденден. - А бе имаше само 500 денари во новчаникот, да имаше повеќе и тие ќе и ги земев.


Oтишол Киро Глигоров во Кина и таму го одвеле на прошетка низ Пекинг. Се запознава со некој Кинез (се ракуваа). *Кинезот - Окото Сакато *Киро Глигоров - Од Атентато.


Четири русокоси се заглавиле во лифт и почнале да молат за помош. Првата: - Помош! Втората: - Помош! Третата: - Помош! Четвртата: - Ајде сите заедно... Сите четири: - Заеднооо!!!


Русокоса почнала да работи во канцеларија. Првото нешто што требала да го направи, било да донесе кафе. Бидејќи сакала првиот пат да биде многу добро, таа земала термос и тркнала до блиската кафеана. - Што мислите, дали овој термос може да собере 6 кафиња? - прашала русокосата. Барменот го погледнал термосот и одговорил: - Да ќе собере и повеќе! - Одлично, тогаш дајте ми две горки, три средни и едно слатко кафе.


Се фалат двајца богаташи, кој од нив е побогат.Едниот вика: - Јас имам толку пари што можам да го купам целиот свет!Другиот вика: - Е јас не го продавам.


Комплетна канцеларија :)

No comments: